Скопје танцов театар гостува во Париз

од admin_kult

Францускиот журнал за култура „La terrasse“ од Франција го најави првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин, со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на сцената на Националниот театар за современ танц во Париз, Франција.

Претставите ќе се одржат на 16, 17 и 18 март 2022 на сцената „Firmin Gémier“ во театарот на Трокадеро.

Претставата за која музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката ќе може да ја проследи и на 10 март, на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз. Во претставата настапуваат: Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе