Концерт на оркестарот и солистите од Националната опера и балет

од admin_kult

Во Националната опера и балет вечер (12 април) во 20:00 часот ќе се одржи концерт на оркестарот и солистите од оваа национална установа.

На концертот, кој е во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубилејните години од раѓањето, Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.

Како солисти на концертот ќе настапат: Весна Ѓиновска-Илкова, сопран; Наде Талевска, сопран; Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Влезот е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе