Во Битола ќе се одржи целодневниот музички настан „Градот ме тера да пеам“

од admin_kult

Утревечер (13 април) во Битола ќе се одржи целодневниот музички настан „Градот ме тера да пеам“, во организација на програмата на АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ и платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“.

− „Градот ме тера да пеам“ е една од соработките со Мирко Попов, која започна да се развива на почетокот на оваа година со цел Битола да биде обоена во музика, да ги чуе во живо и да танцува на песните од младата генерација музичари и диџеи, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена − информираат од АКТО.

В сабота од 12:00 до 16:00 часот во кафе-барот „Јагода“ ќе се одржи промоција на винил-изданието „Поп култура“, што е прва винил-компилација посветена на современата поп-продукција од млади македонски музичари. Во вечерните часови ќе се одржат концерти и настапи на диџеи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе