Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и наговите соработници

од admin_kult

Во Националната опера и балет вечер (26 февруари) во 20:30 часот ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, под покровителство на Владата на Р Северна Македонија.

Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска, сопран; Марика Поповиќ, мецосопран; Јаворка Витанова, солист од хорот; во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

На програмата се дела од: В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.

Настанот ќе биде збогатен со видео- и аудиосодржини за кои се употребени  материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „Верувам во Македонија“, како и фото- и видеоматеријали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Влезот за настанот е слободен, а билетите ќе може да се подигнат најдоцна до 26.2.2024 г., до 17:00 часот, на билетарницата на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе