Изложба „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност – Скопје утре, 4 април (четврток), во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“.

Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби, како: меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. На изложбата, покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, ќе биде претставен избор од делата од колекцијата на МСУ – Скопје, меѓу кои оние на: Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат…

Куратори на изложбата, која ќе биде отворена до 21 мај годинава, се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Инаку, изложбата е дел одбележувањето на шеесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје, кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе