Драмскиот театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на „Охридско лето“

од admin_kult

Драмскиот театар од Скопје вечер (20 јули) ќе се претстави на „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“.

Претставата, која ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот, е работена според романот на Марк Хадон и својата премиера ја имаше на крајот од минатата година.

Режијата е на Зоја Бузалковска,  а улогите ги толкуваат: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе