Спој на музика и традиција на „Локумфест“ во Битола

од admin_kult

Во Битола денеска започнува 16. издание на Балканскиот етнофјужн фестивал „Локумфест – музика и традиција“ 2022.

„Локумфест“ е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародок го има во Старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон неа.

Фестивалот годинава ќе почне на платото пред Офицерскиот дом со македонската етногрупа „Монистра“, која одбележува 20 години постоење, по што следува настапот на гостите од Бретања, Франција, „Плантек“ (Plantec), чијшто звук е спој на традиционална и електронска музика. Следниот ден, 22 јули, на истото место ќе биде промовиран  ладино-албумот на Американката Сара Ароесте, „Монастир“, посветен на Битола, со музичари од Израел и од Македонија, а вечерта ќе заврши со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“.

Во Старата битолска чаршија се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље“, со гостите од Србија, како и Саем на ракотворби со ЗУР „Македонски ракотворби“ и изложбата подготвена од Државниот архив – Одделение Битола, со наслов „Данабаш низ архивскиот материјал – раскошот и проклетството“.

„Локумфест“ од неодамна е членка на Европската фестивалска мрежа за Балканот „Мост“ (Most). Фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе