Во Филхармонијата концерт „Поврзување“ со солист на гитара од Шпанија

од admin_kult

„Поврзување“ е насловот на концертот на Филхармонијата што ќе се одржи вечер (14 март) во 20:00 часот. На програмата се: Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90 во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон. Диригент е маестра Бисера Чадловска, а како солист на гитара ќе настапи Рафаел Агире (Шпанија).

Од Филхармонијата информираат дека Агире денес е еден од најбараните гитаристи, кој има освоено 13 први награди на значајни натпревари и има настапувано во над 40 земји како солист.

Минатата сезона реализираше турнеја во САД, меѓу другото и во „Карнеги хол“ во Њујорк, но дебитираше и во Кина, а настапи и со Прашката филхармонија, со Филхармонијата на Монте Карло, со Националниот оркестар на Шпанија, премиерно изведувајќи го Концертот за гитара од познатиот современ композитор Јоан Валент − додаваат од Филхармонијата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе