Балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски на сцената во НОБ

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет денеска ќе биде изведена балетската бајка „Заспаната убавица“ преточена во музика на Петар Илич Чајковски.

За првпат во главните улои ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло-дизајнер е Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе