„Moќта на класиката“ во Филхармонија

од admin_kult

„Моќта на класиката“ е насловен концертот кој утре, на 3 март (четврток), ќе се одржи во Филхармонијата, и на кој како солистка на англиски рог ќе настапи Маја Чанаќевиќ. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Во рамки на програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен, Рејха и Фиала.

Маја Чанаќевиќ го завршува средното музичко образование и Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира обоа во класата на проф. Гордана Јосифова-Неделковска. По дипломирањето ги завршила и постдипломските студии по културен менаџмент, a магистрирала и во областа на музичката уметност во класата на проф. д-р Владимир Лазаревски. Вработена е повеќе од 20 години како обоист и солист на англиски рог во Македонската филхармонија. Во рамките на својата уметничка дејност, продолжува да твори и да ја промовира камерната музика и музиката пишувана за овој редок инструмент (англиски рог). Во периодот 2007 – 2017 година, во три мандати беше директор на Македонската филхармонија.

 Во текот на образованието добитник е на бројни награди на државните музички натпревари, како и наградата за најдобар студент на ФМУ.  Во 2018 година, по предлог на француското Министерство за култура, одликувана е со највисокото признание кое го доделува Франција во областа на културата и уметноста – Витез од редот на уметноста и книжевноста.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе