На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.
– Операта „Палјачи“ ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев – соопшти НОБ.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф е Олга Панго, концерт-мајстор е Верица Ламбевска и хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети-Крлиу, Марјан Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов; балетските солисти Ендру Кук од Англија, Агим Бафтии и Меланија Гоцевска; Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.