Во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб е изложен мултимедијалниот проект „Ризом-X“ на авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева, во соработка со аудиодизајнерот Горан Москов.
Наталија Поповска, директор на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб, во своето обраќање пред присутните истакна дека проектот „Ризом-X“ низ специјални аудиовизулени својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети при што авторите ја анализираат интранзитивноста на сликата која може, но не секогаш, да создава режим на визуелна естетска артикулација.
Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ е конципиран од пет интегрирани просторни визуелни елементи, звучна и просторна инсталација, графика и комбинирана техника на светлечки интервенции.