„Џифони филмски денови“ во пресрет на десеттото издание на „Џифони Македонија“

од admin_kult

Во Кинотеката на Република Северна Македонија секоја сабота во периодот од 9 април до 11 јуни, од 10 часот, ќе се прикажува по еден филм наменет за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер. По проекцијата ќе следува работилницата „Филмска училница“ со режисерката Марија Џиџева.

Филмовите што ќе произлезат од работилницата ќе бидат прикажани во рамките на десеттото издание на „Џифони Македонија“ и заедно со филмовите направени на фестивалот ќе се натпреваруваат за главната награда – професионална камера.

Сите заинтересирани за „Џифони филмски денови“ (Giffoni Movie Days) и за „Филмска училница“ може да се пријават на следниве линкови: https://tinyurl.com/movie-days и  https://tinyurl.com/film-classroom

Проектот „Џифони филмски денови“ (Giffoni Movie Days) е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм на РСМ и Кинотеката на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе