Четири филмови од Вишеградска група во Кинотеката

од admin_kult

Во рамките на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови „Вишеградска група В4 филмски вечери“, посветена на кинематографиите на: Република Чешка, Република Полска, Република Словачка и Република Унгарија, кои се дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе почне денеска (5 април) во 20:00 часот со проекција на комедијата „Празни шишиња“, во режија на Зденек Сверак, а на 6 април следува проекција на филмот „Студена војна“ на Павел Павликовски. Следната недела ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ на словачкиот режисер Јонас Карасек (12 април) и „Плоштад Москва“ на унгарскиот режисер Ференц Торок (13 април).

Сите проекции се бесплатни за посетители.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе