Традиционалeн гала оперски концерт по повод празникот Василица

од admin_kult

По повод празникот Василица, утре и задутре (12 и 13 јануари), со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, Де Либ, Штраус Помладиот.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер – Дејан Прошев, концерт-мајстор – Верица Ламбевска, хор-мајстор – Јасмина Ѓорѓеска. На концертот ќе настапат оперските уметници:  Славица Петровска-Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети-Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и  Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе