Македонски и француски филмови во Кинотеката

од admin_kult

Кинотечната програма за крајот на јануари за филмофилите нуди два македонски играни филма од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовна соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари ќе биде прикажан и филм на еден од највлијателните светски кинематографери, Жан-Лук Годар.

Од Кинотеката информираат дека станува збор за: дебитантскиот долгометражен игран филм „Снежана на крајот умира“, по сценарио и во режија на Кристијан Ристески; играниот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“, чиј косценарист е Елма Татарагиќ и кој беше  македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм; новиот филм на сценаристот и режисер Срѓан Драгојевиќ „Од рајот“; како и филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар снимен во 1963 година, по сценарио на Алберто Моравија и Годар.

Филмовите се на програмата на Кинотеката од 23 до 31 јануари, а билетите чинат 100 денари. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе