Традиционален концерт по повод празникот „Василица“

од admin_kult

„VIVA L’OPERA!“ е насловот на традиционалниот оперски гала-концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и в четврток, 12 и 13 јануари 2022 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет.

Публиката во Националната опера и балет  ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар. Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Режисер е Дејан Прошев, светло-дизајнер Нино Митевски, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат оперските уметници:  Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор),  Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас) и Хорот и Оркестарот на Национална опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе