Секретарот Азири го отвори концертот „Есенски здив“

од admin_kult

Денеска (1 октомври) државниот секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија, Валмир Азири, го отвори концертот „Есенски здив“.

Концертот се одржа во Домот на културата во Тетово, каде што настапија познати имиња од класичната музика: Бесиана Мехмеди – мецосопран, Шкелзен Бафтијари – пијано, со специјалните гости: кларинетистот Шкумбин Бајрактари, оркестарот „Грифон“ и диригентот Агона Чупи.

Секретарот Азири изрази поддршка и им се заблагодари на сите за одличната организација и добро осмислената иницијатива и истакна дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува ваквите настани кои се богатство на албанската уметност од секоја област.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе