„Светлина“ – концерт со Станко Мадиќ и Оливер Балабурски во Филхармонијата

од admin_kult

„Светлина“ е наречен концертот на оркестарот на Филхармонијата што ќе се одржи вечер, 4 април, во 20:00 часот, а на кој како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ (Србија/ Германија), концерт-мајстор на Радиооркестарот на Минхен.

Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 „Далечна светлина“ од летонскиот композитор Петерис Васкс.

Диригент ќе биде маестро Оливер Балабурски, кој долги години живее и твори во Канада, а со Националната филхармонија ќе диригира по долга пауза. Оваа вечер, заедно со оркестарот на Филхармонијата и маестро Балабурски, ќе биде изведена и Симфонијата бр. 4 во еф-мол, оп.  36 од Петар Илич-Чајковски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе