Премиера на претставата „Хеда Габлер“ в сабота во Драмскиот театар Скопје

од admin_kult

„Хеда Габлер“, работена по текст на авторот Хенрик Ибзен, е новата претстава во продукција на Драмскиот театар – Скопје. Премиерата ќе се игра в сабота  (20 април) со почеток во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“.

Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова-Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов, а костимите се на костимографката Розе Трајчевска-Ристоска.

Улогите ги играат актерите од Драмскиот театар – Скопје: Сања Арсовска, Зоран Љутков, Владимир Петровиќ, Дениз Абдула и Сара Климоска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе