Премиера на претставата „Декамерон“ во Прилепскиот театар

од admin_kult

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп утре (19 март 2022 г., сабота), од 19:30 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Декамерон“.

Претставата е работена според делото на Џовани Бокачо, а режијата е на Мартин Кочовски.

– Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта – рече режисерот Мартин Кочовски, потенцирајќи дека претставата е полна со живот.

Во претставата играат: Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе