КИЦ – Тирана испишува нови страници на пријателство и дијалог меѓу Република Северна Македонија и Албанија

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, придружувана од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамките на работната посета на Албанија го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.

За време на посетата, во разговорот со директорот на македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански, беше потенцирано дека оваа културна институција испишува нови страници на пријателство и дијалог меѓу двете земји. Тие разговараа и за традиционално добрите односи што ги негуваме со Република Албанија, како и за продлабочување на соработката во делот на културата и економијата. Директорот Ориѓански ги запозна со содржините на овој културен центар, кој за релативно краток  период прерасна во едно од препознатливите места за уметниците и за граѓаните на двете соседни земји.

Исто така, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и заменик-претседателот на Владата, Маричиќ, имаа можност да ја видат изложбата ,,Животот и Луле“ на уметникот Абдурахим Сулимани (Џими), за кого целата уметност доаѓа од љубовта, љубовта за да твори и да се создаде нешто.

Во македонскиот КИЦ се разговараше за поддржаните проекти во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, меѓу кои има богатство од инвентивни содржини во сите сфери на уметноста. На тој начин, македонскиот КИЦ ги освојува симпатиите кај публиката и кај уметниците во двете земји, ја извршува амбасадорската функција за меѓусебно поблиско запознавање на двете култури и зближување на двата народа.

Она со што годинава ќе се запознае албанската јавност преку македонскиот КИЦ, меѓу другото, е: уметноста на црковниот хор на манастирот „Јован Бигорски“; промоција на Јордан Плевнеш; концерти на Влатко Стефановски, на Елита Алити и на Женскиот хор „Менада“ од Тетово; изложба на Зоран Кардула.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе