Недела на франкофонски филм во Кинотеката

од admin_kult

Со проекцијата на филмот „Што зборуваме, што правиме“ на режисерот Емануел Муре, на 24 март (четврток) во 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија започнува  Неделата на франкофонски филм.

В петок во 20 часот ќе се одржи проекција на швајцарскиот филм „Семејство“ на Фредерик Бајиф, додека в сабота во 18 часот ќе се одржи проекција на белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими. Веднаш потоа, во 20 часот, е закажана проекција на романскиот документарен филм „Дива Романија“.

Настанот се реализира по повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата, а го организира Францускиот институт во Скопје заедно со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотеката на Северна Македонија.

Инаку, сите филмови  ќе се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм е обезбеден само превод на француски јазик, истакнуваат  од Францускиот институт во Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе