„Бојата на басот“ – концерт во Филхармонијата

од admin_kult

В четврток во 20 часот Оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот „Бојата на басот“, на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота и од македонската композиторка Дарија Андовска.

Дарија Андовска е композиторка на оркестарска, камерна, солистичка и вокална музика; на музика за филм, театар и танц; како и на мултимедијални проекти. Нејзините дела се изведувани на многубројни домашни и светски фестивали, а е наградувана како една од најзначајните композитори од помладата генерација во Европа и од Балканот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе