На 16 март на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Боеми“

од admin_kult

На 16 март со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде  изведено ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.

Настапува домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски,
Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски, Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Боеми“ од Џакомо Пучини e опера во четири чина, дејствието се одвива во Париз, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите“ од Хенри Мургер.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе