Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во секоја општина – со 7 и пол милиони денари, ја унапредуваме културата и во Кривогаштани

од admin_kult

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, заедно со дополнителните заменици-министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Бојмацалиев и Јованка Тренчевска, денеска беше во работна посета на Општина Кривогаштани каде што направи увид во проектите за кои од Програмата за капитални дотации во културата се издвоени 7 и пол милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека водени од желбата за инвестирање во културните објекти и потребата за обезбедување услови за достапност на културата за сите и во секоја општина, соработката со Општина Кривогаштани, која започната минатата година, продолжува и годинава.

„Со градоначалникот Мискоски направивме увид во завршната фаза од проектот за кој оваа општина за првпат од своето постоење доби средства од Министерството за култура, а со кој се изврши пренамена и адаптација на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни настани. Со тоа овозможуваме побогат културен живот за сите граѓани, како и реализација на настани што ќе придонесат за негување и заштита на богатата традиција на овој крај“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека со средства добиени од Програмата за капитални дотации, годинава ќе се реализира и проектот со кој ќе се заштити, ќе се уреди партерно и ќе се облагороди просторот околу библиотеката и музејот во оваа општина.

Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативите и ангажманот за подготовката и реализацијата на проектите, што претставува уште една потврда за, како што кажа, одличната соработка меѓу локалната и централната власт  во унапредувањето на културата и задоволување на потребите на граѓаните во оваа општина.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го посети „Саемот на жената“, кој се одржа во Кривогаштани како завршен настан од серијата „Гласна и храбра 2“ на Министерството за труд и социјална политика. Кампањата за подигнување на свеста за важноста на добросостојбата на жените и нивното економско зајакнување ќе ја заокружи настапот на новата национална установа, Камерниот оркестар од Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе