„Зад стоговите сено“ доби десет награди на Грчката филмска академија

од admin_kult

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асимина Проедроу, реализиран копродукциски меѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија, што се одржа на 27 јуни во Атина.

Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди – за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.

Македонски продуцент е „Сектор филм“ предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и во Гевгелија во Северна Македонија во текот на 2021 година.

Филмот беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм на РСМ и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела на Советот на Европа – Еуримаж.

Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун во ноември минатата година, каде што доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа, Индија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе