Втор циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка за аплицирање во рамките на заедничкиот проект  „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија

од admin_kult

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Целта на повикот е да се поттикнат активностите на културниот и на  креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан.

Проектот започна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување на добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:

  • за институции и организации: www.bit.ly/3ITpCdJ, со рок за поднесување најдоцна до 27 мај 2024 година;
  • за мали грантови за физички лица: www.bit.ly/4axMUBY, постојано отворен за аплицирање сѐ до 31 декември 2025 година.

Сите заинтересирани институции, организации и физички лица можат да учествуваат на информативната сесија и презентација за проектот што ќе се одржи во Скопје на 19 април 2024 година со почеток во 10:00 часот во КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО, која може да се следи и онлајн со регистрирање преку платформата „Зум“ на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZwoc-2trTMrG9XSvaMvzKnQLNF197l6hIsF

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе