„Вида“ – концерт на Филхармонијата и виолинистот Владимир Костов

од admin_kult

Оркестарот на Филхармонијата вечер во 20 часот ќе одржи концерт, со наслов „Вида“, на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. Гостин на концертот е чембалистката Цветанка Созовска. На програмата се дела од: Корели, Вивалди, Порпора и Рихтер.

Владимир Костов (1975) е роден во Битола каде што го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Михајло Куфујонакис, каде што и магистрира, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози.

Костов е единствен музичар од Северна Македонија кој повеќепати е избран да членува во реномираниот Светски оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и во Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Xемс Енес, Даниел Мулер Скот). Со овој оркестар му се нуди неповторлива можност да свири во најпознатите концертни сали во светот – Националниот арт центар Отања, Центарот „Линколн“, Универзитетот „Харвард“, Берлинската филхармонија, Келнската филхармонија, Концертхаус Берлин, Концертхаус Виена, во Шпанија, Полска, Кина…

Основач е на фестивалот за млади виолинисти  „Виолин-фест“. Моментално работи како концерт-мајстор во Националната филхармонија и како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе