Во Националната галерија, објект „Мала станица“, вечер во 19:00 часот ќе биде отворена биенална изложба со дела од 31. и од 32. сесија на Ликовната колонија „Галичник“. Двете сесии го третираат проблемот на екологијата, заштитата на животната средина и враќањето на загубената врска со природата.
Повеќето од делата се изработени во нови медиуми, како видеа, видеоинсталации, дигитални графики, фотографии, интервенции во простор, објекти и концепциски слики и графики.
Триесет и првата сесија имаше концепт со наслов „Коегзистенција“, додека триесет и втората сесија имаше концепт со наслов „Визуелна интрузија“.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени дела на повеќе македонски уметници, како и дела на уметници од Кин, Косово, Иран, Србија, Уругвај, Кипар, Турција, Германија, Холандија, Полска и од други земји.
Изложбата ќе биде поставена до 19 ноември 2021 година.