Со доделување на благодарници и изложба на делата кои уметници ги твореа изминативе пет денови, синоќа беше означен крајот на Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2021“.
На пригодната свеченост во Центарот за култура „АСНОМ“ беа изложени 23 платна во повеќе сликарски техники. Инаку од минатата среда (23 јуни) триесетина уметници од С Македонија, Либан, Косово, Турција, Албанија, Велика Британија, Јужна Кореа и Германија твореа во околината Гостивар.
Шеснаесетто издание на Меѓународната ликовна колонија финансиски беше поддржано од Министерство за култура и Општина Гостивар.