МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“

од admin_kult

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ вечерва на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот ќе ја одигра претставата  „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ.

Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе