Театарот за деца и младинци гостува во Подгорица

од admin_kult

Театарот за деца и младинци од Скопје утре, 16 септември, со претставата „Палешка“ ќе гостува на деветтиот Меѓународен фестивал на кукларство во Подгорица, Црна Гора.

Во претставата, работена според мотивите од бајката „Палешка“ од Ханс Кристијан Андерсен, а во режија на Давор Драгојевиќ, играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.

На Фестивалот, кој ќе биде отворен со претставата  „Палешка“ на Театарот за деца и младинци, ќе учествуваат претстави од Шпанија, Србија, Словачка и од Црна Гора.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе