Распишан повик за комисија за избор на необјавен македонски драмски текст

од admin_kult

Врз основа на Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст објавен од Министерството за култура, Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ – Прилеп распишува повик за комисија што ќе ги избере текстовите.

Комисијата за избор, како што информира МТФ „Војдан Чернодрински“, треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.

Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата: contact@mtf.com.mk до 15 февруари 2023 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе