Октомвриска програма на КИЦ во Тирана

од admin_kult

Со отворањето на изложбата ,,Stimulate your sences“ на нашата уметница Елита Алити, во саботата почна реализацијата на програмата на КИЦ Тирана за месецот октомври. Изложбата е поделена на 5 сегменти и е наменета за лица со оштетен вид. Авторката за своите дела комбинира разни видови материјали кои произведуваат различни звуци и мириси, со што ја реализира својата идеја да создава уметност со која помага за инклузија на лицата со попреченост во општеството.

На 13 октомври во Тирана ќе се одржи голем концерт на пијанистката Ивана Мазнејкова, која ќе го отвори фестивалот „Магична флејта“. Концертот е омаж на творештвото на белгиско-францускиот композитор Цезар Франк роден во 1822 година. Со ова, младата пијанистка се вклучува во европското одбележување на 200-годишнината од раѓањето на генијот.

На 27, 28 и 29 октомври, пак, во Корча, Република Албанија, ќе се реализира манифестацијата Денови на македонската култура. Ќе биде прикажан филмот ,,Медена земја“, а ќе бидат изложени и дела на уметникот Зоран Кардула. Во музичкиот дел од програмата ќе настапи Градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, а посетителите ќе можат да го проследат и концертот на блуз-бендот ,,In the mood“ од Скопје. Во трите дена на Универзитетот во Корча ќе се одржат и бесплатни часови по македонски јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе