Фестивал на европската литература „Букстар“

од admin_kult

Под мотото „Храбри нови зборови“ / Brave new wor(l)ds“, од денеска до 5 октомври во организација на  издавачката куќа „Антолог“ се одржува осмиот Фестивал на европската литература „Букстар“.

„Букстар“ денеска во 15:00 часот во коно „Фросина“ ќе почне со претфестивалски настан – видеоразговор со авторот Саша Станишиќ на тема „За потеклата и случајностите што (не) постојат“. Фестивалот во 19:30 часот ќе го отвори поетот, есеист и преведувач Никола Маџиров со испраќање на својата книжевна порака до гостите и потоа ќе продолжи со разговор со писателката Ирса Сигурдардотир, која ја нарекуваат „исландска кралица на трилерот“. Првиот фестивалски ден ќе се заокружи со разговорот „Нова бугарска книжевност“ помеѓу современите бугарски автори Оља Стојанова Џакова и Петар Денчев.

Организаторите најавуваат дека годинава ќе бидат претставени исклучителни европски и домашни автори, кои ќе учествуваат на десетина книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање, предавање. Само два настана ќе бидат онлајн, а сите останати автори ќе присуствуваат лично во Скопје.

Наградата „Букстар 2022“ ќе ѝ биде доделена на нобеловката Светлана Алексиевич. Ќе бидат доделени и наградата „Букстар“ за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски.

На осмиот фестивал  Букстар учествуваат повеќе домашни и странски учесници како: Ирса Сигурдардотир од Исланд, Петар Денчев и Оља Стојанова Џакова од Бугарија, Богдан-Александар Станеску од Романија, Кристина Гавран и Игор Штикс  од Хрватска, Даина Ополскаите од Литванија, Надја Теранова од Италија и Моника Компаникова од Словачка.

Домашни учесници ќе бидат: Јордан Коцевски, Снежана Стојчевска, Билјана Црвенковска, Петар Андоновски, Елена Филиповска, Владимир Јанковски, Елизабета Баковска и Жарко Кујунџиски.

За време на фестивалот, за посетителите во Младинскиот културен центар ќе се организира и осмото издание на Саемот на европската литература на кој ќе бидат достапни книгите што ја добиле Наградата за литература на Европската Унија, други наслови од европска и македонска продукција, како и три изданија што излегуваат специјално за новото фестивалско издание – „W“ и „Сечилиште“ од Игор Штикс и „Штама“ од Ирса Сигурдардотир.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе