НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата ТИК-ТАК во адаптација и режија на Синиша Евтимов

од admin_kult

НУ Турски Театар вечерва (9 мај) во 20:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата  „ТИК-ТАК“  во адаптација и режија на Синиша Евтимов работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со проекција на превод на македонски јазик.
Сценографијата ја изработи Илина Ангеловска, костимографија е дело на Александар Ношпал. Улогите ги толкуваат: Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет, Бурханедин Ибрахим.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе