Монодрамата „Последната лента на Крап“ гостува во Велес

од admin_kult

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски, на 15 февруари, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на сцената на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Монодрамата во изминатиот период учествуваше и во офф-програмата на 19. ИФАД „Стоби“, на 10. Бечејски фестивал на монодрамата „Би:фемон“ (Be:femon), во Бечеј, Србија, на јубилејните 30. Денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Словенија, како и на Фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Хрватска, на „Скопско лето“ во МНТ и на МОТ.

„Последната лента на Крап“ на 22. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола доби „Гран при“ за најдобра претстава и најдобра режија, како и на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Монголија со онлајн учество.

Претставата е копродукциски проект на МНТ и Перипетија продукција од Скопје, а премиерната изведба ја имаше на 30 декември 2020 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе