Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

од admin_kult

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари.

Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“, кој премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал. Наталија Теодосиева е филмска и театарска актерка, која во остварувањето на Александар Поповски „Балканот не е мртов“ ја имаше својата дебитантска филмска улога. Ханис Багашов е едно од актерските имиња во филмот „Сестри“ на Дина Дума.

„Берлинале таленти“ или „Berlinale Talents“ оваа година ќе го има своето 20-то издание, а македонските претставници се меѓу 200 избрани учесници од повеќе од 70 различни држави.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе