Кумановскиот театар ќе гостува во Штип со две претстави

од admin_kult

Кумановскиот театар денеска и в сабота гостува во Штип со две театарски претстави: „Драма изгубена во времето“ и „Секс и лаги“, соопштија од НУ ЦК „Трајко Прокопиев“. Претставите ќе се играат во 20 часот на сцената на театарот во Штип, кој годинава одбележува 100 години од основањето.

Ова е прво гостување на Театарот од Куманово за годинава, а се предвидени гостувања во Струмица, Велес, Крива Паланка, со детски претстави, драми, комедии. Кумановскиот театар ќе гостува и во земјите од соседството.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе