Конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство

од admin_kult

Во Министерството за култура денеска се одржа конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство како советодавно и координативно тело на Владата на Република Северна Македонија.

На седницата претседаваше министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во своето воведно обраќање ги истакна значењето и функцијата на Националниот совет во однос на следењето, остварувањето и унапредувањето на заштитата и користењето на културното наследство.

На седницата, која помина во пријатна атмосфера, по усвојувањето на Деловникот за работа, членовите на Националниот совет за културно наследство дискутираа за основните насоки на дејствување во согласност со законската регулатива.

Советот е составен од 11 членови – докажани поединци од редот на универзитетски професори, стручни лица и експерти од областа на културното наследство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе