Изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

од admin_kult

По повод 15 Април, Светскиот ден на уметноста, во изложбениот салон на МКЦ вечер во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Денис Боувен“, на која ќе бидат претставени дела од сериите што британскиот уметник и македонски културен амбасадор, Боувен, ги создал низ годините во земјава. Тој пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, но работеше и на собирање уметнички дела од британски автори. 

Изложбата, во организација на Асоцијацијата за култура „Икон“ и Младинскиот културен центар – Скопје, ќе трае до 25 април 2024 година.

Светскиот ден на уметноста е меѓународна прослава на уметноста што ја прогласи Меѓународната асоцијација за уметност (IAA) во 2012 година, со цел да се промовира и да се подигне свеста за креативната активност низ светот. Датумот е прогласен во чест на роденденот на Леонардо да Винчи, кој беше избран за симбол на слободата на изразување, толеранцијата, солидарноста и мултикултурализмот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе