„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во читачкиот клуб во „Европска куќа Скопје“

од admin_kult

Читачкиот клуб во „Европска куќа Скопје“ ќе биде повторно активиран со романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, што неодамна ја доби престижната награда Роман на годината во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година од Издавачки центар „ТРИ“. Во овој роман, таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија“.

„Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ’чудо за три дена‘ и за нив треба да се разговара и да се дискутира“, велат од „Европска куќа Скопје“.

Водител на читачкиот клуб ќе биде Александар Маџаровски-Читачот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе