Дебати и културни настани во дворот на Министерството за култура

од admin_kult

Министерството за култура, како што веќе најавивме, го отстапува дворот за активности кои ги нудат националните и локалните установи како и здруженијата од граѓанскиот сектор. На овој начин придонесуваме за збогатување на летната сцена во градот и нудиме алтернативни начини за изразување на умениците и зацврстување на соработка особено со независната и граѓанската сфера.

Во низата настани, денеска се одржа тренинг активност Младински дијалог за промени“ на претставници од Хелсиншкиот комитет – ЛГБТИ Центар за поддршка. На дебатата присуствуваше и претставник на Министерството за култура, а фокус беше промоцијата на активното учество на младите во демократскиот живот  во регионот на Западен Балкан.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе