Во Битола вечер почнува фестивалот на класична музика „Интерфест“

од admin_kult

Со изведба на балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ на македонската Национална опера и балет, денеска во Битола почнува 31. издание на фестивалот на класична музика  „Интерфест Битола 2022“.

Кореограф на двете балетски претстави е гостинот од Унгарија Габор Кевехази, сценографијата е на Марија Ветерова, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Во периодот до 12 октомври годинава на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.

Во рамки на ќе биде приредена и поетска вечер со актерот Петар Мирчевски, посветена на македонскиот поет, романописец и есеист Славко Јаневски. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе