Наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски

од admin_kult

Романот „Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, во издание на „Арс либрис“ – дел од „Арс ламина – публикации“, ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Наградата е дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писателите на Македонија, а одлуката ја донесе тричлено жири во состав: Игор Станојоски (претседател), Петре Димовски и Трајче Кацаров.

Во „Боксерот од Ново маало“ се прикажани животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Голем дел од книгите на Плавевски гравитираат околу секојдневјето во маалото каде што го минал детството, а таков е и случајот со „Боксерот од Ново маало“.

Романот е достапен во продажба во книжарниците „Литература.мк“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе