„Новогодишна сказна“ – инклузивна сликовница за лица со оштетен вид

од admin_kult

Во издание на Здружението „Свет на различни а еднакви“ – Скопје, објавена е инклузивната сликовница за лица со оштетен вид „Новогодишна сказна“ од Гордана Симоновска-Момироска, поетеса за деца и млади и истакнат хуманист. Сликовницата е објавена на македонски и на албански јазик.

Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, а Брајовото писмо на Тони Пајдаков, секретар на Здружението за слепи лица во Велес. Рецензент на проектот е писателот Горјан Петревски, а јазичната редакција е на универзитетската професорка Гордана Алексова. Илустрациите во сликовницата се на младиот илустратор Наско Џорлев.

„Новогодишна сказна“ е отпечатена во „Европа 92“ – Кочани, а Сојузот на слепи лица – Велес ја отпечати на Брајово писмо. Таа е првенче на проектот „Правото да читаш не е посебна потреба“ во чии рамки Здружението ќе продолжи да издава и други инклузивни изданија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе