Соопштение за резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година

од admin_kult

Почитувани,

Министерството за култура денеска (11 март) на својата веб-страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година.По првично објавените резултати, откако беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите и во согласност со Законот за општа управна постапка (член 39 став 3) на апликантите им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори.Повторното разгледување на пријавите беше извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци.Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти. Министерството за култура е отворена институција за сите граѓани, која е во фаза на изготвување е нов закон за остварување на јавниот интерес во културата, за кој досега се одржани две јавни дебати. Со цел во иднина да се избегнат недоразбирањата или недостатоците при јавните конкурси, како и начинот на бодувањето и моделите на финансирање на проектите во културата, културните оператори можат да дадат свој придонес во изготвувањето на нов современ закон за култура со кој овој ресор ќе ги добие сите потребни системски решенија за кои се залага и се во интерес на културната јавност во државата.До донесување на новиот закон, Министерството за култура со иницијативата „Културата е насловна страница на секое општество“ во чиј состав се повеќе невладини здруженија од областа на културата, формираа работна група која ќе работи на измени и дополнувања на актуелниот закон во делот на моделите за финансирање и на критериумите за оценување.

Со почит,

Министерство за култура 

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ И ЛИТЕРАТУРА

Табела за издавачка дејност – Национални Установи

Табела за издавачка дејност – други корисници

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

Табела за музичка и музичко сценска дејност – Национални Установи

Табела за музичка и сценска дејност – други корисници

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

Табела за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Национални Установи

Табела за визуелни уметности, архитектура и дизајн – други корисници

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

Табела за драмска дејност- Национални Установи

Табела за драмска дејност – други корисници

ФОЛКЛОРНА И СЦЕНСКО -УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ

Табела за фолклорна и сценско – уметничка дејност – Национални Установи

Табела за фолклорна и сценско – уметничка дејност – други корисници

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНА ДЕЈНОСТ

Табела за интердисциплинарна дејност 

БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ

Табела за библиотечна дејност – Национални Установи

Табела за библиотечна дејност – други корисници

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство – Национални Установи

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство – други корисници

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Табела за заштита на недвижно културно наследство  – Национални Установи

Табела за заштита на недвижно културно наследство  – други корисници

Табела за аудиовизуелни добра – Национални Установи

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И СОРАБОТКА СО УНЕСКО

Табела за меѓународна соработка – Национални Установи

Табела за меѓународна соработка – други корисници

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ И КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

Табела за Европски интеграции и креативни индустрии

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе