СВП објави конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година

од admin_kult

Националната установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година.

На конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде што поетското творештво на македонски јазик е оригинално создадено, односно не е превод од друг јазик.

– Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN-број – стои во конкурсот на СВП.

Според конкурсот, книги од членови на Управниот и на Надзорниот одбор на СВП, од директорот на институцијата, од вработени или членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

Авторите или издавачите, за да учествуваат на конкурсот, мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр. 5, 6330 Струга, Република Северна Македонија.

Извинување: Во соопштението е направена техничка грешка. Во согласност со објавата на НУМ Струшки вечери на поезијата, (Струшки вечери на поезијата (svp.org.mk)), конкурсот трае до 25 јуни, а не до 25 јули.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе