Костадиновска-Стојчевска со амбасадорката на Грција, Филипиду, утре во Курбиново, за резултатите од соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици

од admin_kult

Ве покануваме на средба во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново в понеделник (5 јуни 2023 година), во 11 часот, на која ќе бидат презентирани досегашните резултатите од соработката меѓу НУ „Заводот и музеј“ – Битола и „Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици“ од Солун на проектот за „Конзервација на ѕидното сликарство на црквата св. Ѓорѓи во с. Курбиново“.

На средбата ќе присуствуваат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, директорката на НУ „Заводот и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, со тимот конзерватори, како и директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, д-р Флора Карајани, со својот стручен тим.

Предвидени се изјави и детални стручни информации за оваа важна фаза во долготрајната заштита на овој вреден споменик на културата од византискиот период.

Со почит, Министерство за култура

НУ „Завод и музеј“ – Битола

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе